Алатка за самооценување:
Финансиска писменост и финансиска независност
Финансиската писменост е една од клучните вештини во 21 век. Живееме во комплексен свет каде што секоја донесена одлука директно или индиректно е поврзана со финансиите. Се' повеќе слушаме за финансиската писменост и за тоа колку е важно да се биде финансиски одговорен и свесен, а особено при носењето одлуки поврзани со нашите лични финансии. Поради овие причини од исклучителна важност е младите луѓе да ги разберат основните финансиски принципи за да може да носат информирани финансиски одлуки.
Но како да знаете дали вашето ниво на финансиска писменост е на адекватно ниво, за да може да носите соодветни одлуки во врска со вашите финансии? Дали ви се потребни дополнителни информации и обуки? На кои вештини треба да се обрати повеќе внимание?
Без разлика на вашата возраст, оваа алатка ќе ви помогне да го процените сопственото знаење и ниво на финансиска писменост, со тоа што ќе ве тестира за некои основни концепти и прашања како што се:
- Лични финансии
- Финансиска одговорност и ризик
- Специфики на различни видови финансиски услуги
- Инвестиции и пазар на труд
Врз основа на добиените резултати, ќе ви бидат понудени повеќе ресурси за обука, информативни материјали и видео содржини, насочени кон подобрување на вашето ниво на финансиска писменост, финансиска независност, како и кон донесување подобри одлуки поврзани со вашите лични и семејни финансии.
Оваа алатка е создадена во рамките на проектот „FinFluencers - Млади финансиски инфлуенсери - позитивно влијание врз финансиската писменост и претприемачкиот потенцијал кај младите луѓе“ финансиран од Еразмус + програмата на Европската Комисија